ИЗЛОЖБА НА МОЗАИЦИ

Вечерва во ЦК “Марко Цепенков”

“Збирка 2012” е тематската изложба на десетина мозаици што вечерва од 19 часот ќе биде отворена во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават сограѓанката Александра Богоеска со српските уметници Мирослав Лазовиќ и Петар Вујошевиќ. Јавноста ќе има можност да ги види нивните дела кои се на различни мотиви, но со теми од секојдневието, со посебен нагласок на цветните, но и на симболите од природата.

Богоеска е дипломец на ФЛУ во Скопје. Реализирала повеќе самостојни и групни изложби, а учествувала на колонии и е организатор на камена колонија.Мирослав Лазовиќ е професор на ФЛУ во Белград. Имал девет самостојни, а учествувал на повеќе групни изложби и колонии. Автор е на 70 композиции. Петар Вујошевиќ е магистер на ФЛУ – отсек ѕидно сликарство. Еден е од основачите на групата “Аметист” која организира изложби на мозаици.

Воодушевување предизвика изложбата “Уметниците во чест на Св.Никола”, која Центарот за култура ја организираше за патрониот празник, а на која со дела посветени на светецот се претставија 18 уметници од Прилеп, Гевгелија, Куманово, Битола, Кратово.

Loading