ГРАДСКИТЕ БИСЕРИ ВО КНИГА

ОУ “Добре Јованоски”

На наставничките Каролина Николоска, Виолета Јованоска и Снежана Јовческа од одделенска настава при ОУ “Добре Јованоски”, со нивните ученици им блеснала идеја да направат информативна книга “Убавините на Прилеп”. Книгата, со многу информации, небаре туристички водич, ја објаснува историјата, гастрономијата, музиката, културата и старите и нови атракции. Публикацијата ќе им помогне на сите ученици да ги продлабочат знаењата за својот град, неговата убавина и богатства.

Каролина Николоска објасни дека книгата е квалитетно направена со современи форми и методи – техники кои се доста погодни за образовниот процес. На некои страни “пишувана” е со бакарни букви, како заштитен знак на Прилеп.

Посветеноста со која учениците и наставниците го изработиле овој проект е доказ плус за љубовта кон нашиот град. 

Loading