ДОГОВОР

пинг – понг

Дознаваме дека имало преговори на трите пингпонгарски клуба Младост, Младост 96 и Прилеп. Целта е санација на салата зад КГС Партизан и после година – две враќање со тренинзи и натпревари. Сите се надеваат на прифатливо решение, а епилогот се очекува после уште еден, финален собир. Додека беше затворена салата, поради исклучена струја и оштетен паркет, клубовите тренираа низ училишните сали. Некогаш се местеле маси и по ходници. И во такви услови резултатите не се лоши, а со своја сала може да се оди кон врвот, каде претендираат скопјани и штипјани. Проблемот со салата е причина за неактивност на женската екипа, која не одигра ниеден меч во лигата.

Loading