ДЕТСКИ ХОР “МАЛИ АНГЕЛИ”

Детскиот хор “Мали ангели” ќе исполне предновогодишен концерт на 28 декември во малата сала на Градската библиотека. Хорот е организиран од Арт тен продукцијата. Членуваат ученици од четврто до седмо одделение од сите основни училишта. Под диригентската палка на професорот Славица Конеска Темелкоска, хорот секоја сабота интензивно се подготвува во ОУ “Кочо Рацин”. Се спремаат македонски и светски хитови, покрај класични композиции. Малите хорски ангели веќе го почувствуваа искуството како се снима во музичко студио. Снимениот сплет од четири популарни песни премиерно ќе биде изведен на најавениот концерт.

Арт тен продукцијата се гордее со децата и посакува детскиот хор да стане препознатлив уметнички бренд не само за Прилеп, туку и за земјава.

Loading