ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО

Галеријата на “Марко Цепенков” беше претесна за сите што животот го посветиле на занаетчиството. Старите, заслужни занаетчии, добија плакета од градоначалникот и негова благодарност за истрајноста во годиниве кои се тешки за оваа дејност.

На десетици штандови имаше поставено примероци од мануфактурата на занаетчиите чија мануелна работа има специјален шмект поинаков од фабричкиот. Филигранство, домашна храна и уште многу рачни работи беа изложени на место, каде свое “ќоше” имаа и учениците од СОУ “Ѓорче Петров”, кои се сметаат за идни наследници на занаетчиите. 

Loading