ВЕЧНО МЛАДИ СО МАРИОВСКАТА “ТРЕВА ШТО БЕГА”

Еликсир на младоста и убавната се тревите копида и топида, кои растат само во Мариово. Жителите веруваат дека тревите носат среќа и бериќет. Според кажувањата, оној кој ја има амајлијата направена од двете треви од врвот на Кајмакчалан, ќе остане вечно млад, убав и ќе го следи к’смет.

Според една од легендите, се вика тревата што бега, бидејќи не ја најдува секој кој ја бара. Таа исчезнува или се губи во друга трева штом ќе се најде и ќе пружи рака да се скини. Или пак ако се успее да се скини, кога ќе ја однесат дома, таа ќе се исуши или ќе ја снема.

Се раскажува дека живи се вратиле само тројца Мариовци од Првата светска војна, бидејќи носеле амајлија, направена токму од “тревата што бега”.

Ова растение го добил на подарок поранешниот амбасадор на САД, Лоренс Батлер, а ја поседуваат и неколку познати македонски функционери.

Loading