УСПЕШНА АКЦИЈАТА “ОД НАРОДОТ ЗА НАРОДОТ”

Широк одѕив имаше акцијата “Од народот-  за народот”, во која жителите од повеќе населби за последните два викенда донираа стари алишта, обувки и други предмети, кои не ги користат, а се исправни и употребливи. Се донираа десетици куќни апарати, грејни тела, мебел, постелнина, покрај облеката и обувки. Собраните  некористени предмети се селектираат и ќе бидат предадени на социјално загрозените семејства, според списоците на Центарот за социјални работи.

Loading