УРНАТА КУЌА ЗА УЛИЦА

Куќата на шаторовци, кај театарот се урива да се отвори поширока улицата “Борка Талески”, која е крвоток за жителите на населбата Рид. Локалните власти го спроведуваат деталниот урбанистички план на една од најкритичните точки по двегодишен процес на експропријација и спроведување на сите законски постапки.            – Успеавме да ја завршиме законската процедура да се ослободи простор за проширување на улицата “Борка Талески” со широчина од 12 метри, плус тротоари од двете страни од по три метри. Се растоварува, се олеснува и се прави побезбеден сообраќајот во овој дел од градот – вели Илија Карески.

Општината одвои средства за надомест на граѓаните, чија сопственост беше куќата.

Почната е постапка и за отстранување на “тесно грло” на вкрстувањето на улиците “Ленин” и “Димо Наредникот”, каде треба да се урне ѕид од двор за сметка на проширувањето на улицата.

Надоместоците се утврдуваат според соодветна методологија за проценка од Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.      Постепено се туркаат објекти во приватна сопственост на критичните точки, кои претставуваат безбедносна закана. Вакви локации има кај кејот, кај автобуската станица, но експропријацијата оди тешко.

Останатите локации се внесени во програмата за 2013 година. 

Loading