Во ЦК,,Марко Цепенков,,
,,Уметниците во чест на Св. Никола,, е тематската изложба посветена на патрониот празник на градот, што ќе се отвори на 18 декември, вторник од 12 часот во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Изложбата, Центарот ја реализира во соработка со локалната самоуправа, а со свои дела ќе се претстават 15 еминентни уметници од градот и од Македонија.
Драги Хаџи Николов, Борче Тодороски, Синиша Кашавелски, Стојанче Ангелов – Дито, Никола Топчиоски, Мики Трендафиловски, Орде Стамболџиоски, Наде Тоскоска, Дејан Трајкоски – Гуштеро, Златко и Соња Лечковски, Александар Тодорски, Александра Јовеска, се само дел од уметниците кои срдечно ја прифатија поканата на Центарот да учествуваат на првата изложба што се реализира на тема ,,Св.Никола,, во чест на патронот на градот.