СЕМЕЈНИ БОЛКИ И РАДОСТИ

Марија Ѓорѓиоска, автор на романот ,,Бабините бисерни обекти,,

         

,,Бабините бисерни обетки,, е новиот роман на Марија Ѓоргиоска,  во кој се раскажува за личните и семејните болки и радости. Романот потврдува дека нема спас под стакленото ѕвоно на човековата самоизолација од бурата на преодниот период.

            – Ја покажувам опасноста на моралната корозија, што бесмислено ја подјадува човековата егзистенција. Насликан е подемот и падот на припадниците на општествените слоеви низ драмата на повеќе семејства и генерации, но и меѓу човечките судири на економски и политички план, во трката за повисоко место на општествените скалила – вели Ѓорѓиоска.

            Романот í е седмо дело во литературниот опус.

– Пишувањето е дарба. Пишувам откако знам за себе. Среќна и задоволна сум кога ги забележувам мислите, кои ми течат како река. Љубовта отсекогаш е непресушен извор за инспирација. Постојано ги изнесувам емоциите и го раскажувам животот на луѓето – вели Марија.

Автор е на романите “Изгубено време”, “Гнило гнездо” и “Да си простиме”, книгата поезија “Искри на душата” и стихозбирката “Издишки од срцето”.

Марија Ѓорѓиоска е и сликарка. Седумпати излагала сликарски творби на самостојни и групни изложби. 

Loading