ПРОМЕНИ ПОД ИТНО

Фудбал

Катастрофално заврши есенскиот дел за трите фудбалски второлигаши. Победа дома е поразена 0-2 од Гостивар и наместо втора, падна седма. Загрижува бледата игра. Од Победа многу се очекуваше поради амбициите и добриот распоред, но ништо од тоа. Впечатокот многу го расипаа последните три кола кога од девет можни освоен е само бод.

И 11 Октомври се посрамоти на крајот. По водството од 0-1 дебаклот е 5-1 во Миравци. Младинскиот состав играше неоптоварено и целта е да добива искуство. Во целава ситуација добро е што бега од загрозените.

Корзо на крај зеде прв бод 1-1 од гости со Баби во Штип, а можеше три. Бод за надеж и опстанок, наспроти сите кои одамна го отпишаа.

Резимираме со порака од навивачите: Додека има шанси, силите да се сплотат и еден од трите клуба да се исфорсира кон Првата лига, каде е местото на фудбалски Прилеп! 

Loading