ПОБЕДА СО 662 ВТОРОЛИГАШКИ МЕЧА

Историја

Времето минува, но не се заборава минатото. Во спомен се второлигашките фудбалски сезони на Победа, во поранешна Југославија. Излегуваат статистички податоци и секаде популарниот клуб има свое место.

Победа од 1959 до 1988 година одиграла 662 второлигашки меча за 21 сезона. Забележала 245 победи, 160 нерешени и 257 порази. Гол – разликата е 893-930. Со освоените 650 бодови е на 16. место од вечната листа на сите ЈУ-второлигаши од двете групи Исток и Запад. Најдобар е Борац Чачак, Србија. Од македонските второлигаши нема подобра од Победа, сепак во Прва лига имаат играно Вардар, Работнички, Победа од Скопје, Тетекс и Пелистер.

Најдобар пласман на Победа е трето место во сезоната 1965/66 г.

Loading