Вообичаено се вели “Водата стои – тој не”, кога сакаме да кажеме дека некој е вреден, пргав, сперлив човек. Но, водата да е пијана, ретко кој слушнал! Овој натпис, втиснат на табла со “поп нитни” на врата, објективот на Зенит” го регистрира во близина на театарот или кај Шаторо како што милуваат да речат прилепчани. Објектот, кој е зграда каде е сместен најверојатно електротрансофрматор, е место за графити и простор каде се лепат различни плакати и соопштенија.
Се наоѓа на улицата која од дедо, прадедо, ја нарекувале Мртоечко сокаче, патот по кој се испраќале за последен пат граѓаните до вечното почивалиште. А што се крие зад вратата на која пишува Пијана Вода, засега никој не знае. И тоа е можно. И водата да биде пијана! Или мислеле “Вода за ПИЕЊЕ”.