ПАРК И АСФАЛТ ВО МАЛО КОЊАРИ

И младите, и повозрасните жители на селото Мало Коњари се радуваа на  новиот асфалтен слој низ улиците, што деновиве беше послан низ улиците во селото. Жителите нема повеќе да газат во кал и лето да се “дават” во прашливи сокачиња, туку ќе ги уживаат во благодетите на урбаниот начин на живот. Младите пак бликаа од среќа, оти локалната самоуправа почна да им гради детски парк за забава со сите потребни реквизити. И бабите и дедовците, и родителите на децата се нетрпеливи на подготовката на детското катче, зашто и тие ќе најдат место за пријатно минување на дел од слободнотот време, набљудувајќи ја играта на децата.  

Околу два милиони денари се вложуваат за овој инфраструктурен зафат, кој ги подобрува условите за живот и ќе го олесни одвивањето на сообраќајот.   

Loading