ОБЛАГОРОДЕНИ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Гимназијата “Мирче Ацев” се покажува во вистинско светло, како место каде се бележат успеси на сите полиња. Не се искучок ни каратистите.

На државното првенство во карате во Кичево, нашата гимназија пратила четворица каратисти со професорот Орде Цветаноски. Сите четворица се вратиле со медали, покрај жестоката конкуренција од 150 учесници.

Во женска конкуренција, близначките од прва година, Мишела и Маријана Димоски, на паркетот заборавиле дека се сестри и во финалето изведувале кати од мајсторскиот стил “Шито Риу”, како да се борат против најогорчениот противник. На крајот, златото го добила Мишела, а и бесплатен летен камп во Охрид за в лето.

Пред “сестринското финале”, нивната соученичка Марија Зероска во полуфиналето загубила од Мишела и морала да се задоволи со бронзениот медал. Сите се “печени” за спортска стипендија, зашто Димески и Зероска се “опашани” со црн појас, тренирајќи од мали нозе во КК Ронин. Велат дека за успехот битна е концентрацијата и синхронизираноста на телото со умот. Движењата во катите треба да се одсечни и експлозивни, што се постигнува со психичка надмоќ и тренинзи.

Близначките Димески и Марија се дел од македонската карате репрезентација и допрва ги очекува балканско и европско првенство.

Четврт член на гимназиската експедиција бил Бојан Димески кој го освоил второто место и добил шанса да аплицира за спортска стипендија. Во изведбата на катите, на бодови изгубил од државниот шампион. И тој гордо се врзува со црн појас, оти од седум години ја тренира оваа источна вештина.

Loading