НИКОЈ НЕ ОСТАНА БЕЗ МЕДАЛ

Борење

Нов успешен настап на младите борачи од БК 7 Мај – Леов. Се покажаа на два меѓународни турнири во Кочани и Штип. Во Кочани на турнирот “Андонов – Колев” за кадети, закитени со медали се сите седуммина. Први места се за Дино Еленин, Теодор Темелкоски, Филип Јованоски, Катерина Мирческа. Второ е Бобан Бубрегоски, а трето Леонардо Насески и Антонио Дојкоски.

Клубот одлично претставен од повозрасните младинци, во Штип. На турнирот “Киро Ристов”, Мартин Стојаноски дотурка до финалето, каде е поразен од домашен. Филип Јованоски солиден, на петто место.

Турнирот го следеше со поддршка за борачите, клупскиот претседател Јане Тренчевски, тренер беше Сашо Игњатовски, а судии Илчо Марковски и Љупчо Црвенкоски.

Loading