Фирмата Микросам, според руските медиуми, стави во погон машина во Русија, со која ќе се произведуваат делови за авионот на 21 век, МС-21. Според руските телевизии, машината од Прилеп ќе се користи за создавање на карбонски авио делови за опашниот дел од авионот. Софистицираната опрема го автоматизира процесот, исклучувајќи ја множноста од грешка, предизвикани од човечка природа.
Во извештаите се вели дека проекцијата на машината, софтверот и обуката на кадарот за управувањесо машината е обврска на Микросам кон руската фирма “Технологија”.
Авионот МС – 21 за 150 до 212 патници, се очекува во 2017 година. Авионот ќе биде за 15 отсто поефикасен од леталата на Аирбус и Боинг. Цената би била околу 35 милиони долари.
![]()

