ЉУБОВТА И ПОКАЈАНИЕТО ЛАЈТ МОТИВ ВО ,,ВЕЛИ ВИОЛЕНА,,

Божидар Зимски, новелист

“Вели Виолена” е прв обид за прозен израз на младиот автор, поетот Божидар Зимски. Новелата објавена во списанието “книжевно житие” го има мотивот на љубовта и покајанието, како темели на пронаоѓањето на смислата и радоста во животот.

– Пишувам за Виолена и Енох. Двајцата не се апсолутни странци. Се запознаваат во регуларни околности на нормален младешки живот, како познаници од детството. Негуваат невини и чисти симпатии, додека непредвидливи струи на животот не ги однесат во неочекувани предизвици, кои речиси наполно ќе ги скршат. Повторната средба, сеќавањето и вкусот на невината детска љубов ќе ги спои. Како шанса,  силата на животот го составува скршеното, почнувајќи со каење, разгорувајќи за љубов и страст, додека не се нурнат доволно длабоко во себе си, за да се соочат со отровот на сопствените сомнежи – раскажува авторот.

Зимски подолго време пишува поезија. Издал две збирки поезија. Двапати учествувал на Струшките вечери на поезијата, а бил дел и од Првиот европски книжевен фестивал во Бугарија. Творбите биле објавени во повеќе домашни и странски антологии на млада македонска и светска поезија. Освен тоа како автор застапен е и во он-лине списанието Балкански книжевен гласник. 

Loading