КУП НАГРАДИ

ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Првиот снег, многу радост им донесе на основците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Тие кои спортуваа добија потврда за успесите. А дека штедливоста е одлика на најмладите докажа и второодделенката Јована Угриноска. На скоро завршениот конкурс на тема “И јас умеам да штедам”, од страна на НБМ, Јована беше наградена за ликовната творба “Штедам за во Дизниленд”.

Златни медали за џудо, среберен за шах и злато и бронза за карате – вака би изгледал билансот на учениците од осмо и шесто одделение во борбите на државните и меѓународните натпревари. Виктор Трајкоски и Јорданчо Ѓорѓиески беа најдобри џудисти во своите категории, а Кристијан Миновски воодушеви со своите карате вештини. На државното за првенство шах-машки во категоријата основни училишта, Давид Манески го освои второто место, што е вистинска потврда дека прашање на време е кога Прилеп ќе добие уште еден вистински велемајстор.

Loading