Гимнастика
На меѓународниот турнир во Нови Сад, Србија, одлични настапи на гимнастичарите од КГС Партизан. Во младинска конкуренција Ивана Јанкоска во сите справи избори финалиња. Вкупно е на високото 4. место.
– Досега најдобра изведба на Јанкоска. Извежба без грешки. И останатите настапија според очекувањата – смета Златко Ангелески, тренерот.
Андреа Ангелеска се пласира на 10. место, Стефани Спиркоска е на 21 во конкуренција на 36 учеснички, меѓу кои фаворитки од Финска и Данска. Истиот пласман, на 21. место, го освои и Димитар Илиоски. Со овој настап заврши сезоната за гимнастичарите, мошне успешно, бидејќи и на домашна сцена беа најдобри, на државните турнири во Македонија.