ИН МЕМОРИАМ

По кратко боледување почина Петар Димоски – Жмарата, актер во пензија од театарот,,Војдан Чернодрински,,, кој остави длабоки траги не само во матичниот театар, туку и во другите театри во земјата. Забележителен придонес дал и во МТВ. Полни 34 години беше на сцената на театарот како актер, но и како режисер.

Првата улога му била  Арнаутинот во Антица, во режија на Благоја Дамески. Последната, улогата на Максимилијан Топаловиќ во ,,Маратонците го трчаат почесниот круг,,, во режија на Кирил Петрески. Замина во пензија годинава.

Во изминатите години одиграл бројни улоги. Ќе останат запаметени – ЧЕДО во ,, Мангите пијат чај,, БУБИ во ,, Човек на положај,,  НАТЕМАГО  во  ,,Натемаго,, ТРАЈАН во ,,Македонска крвава свадба,, ОТЕЦОТ во  ,, Крчма крај патот,, ЗАМУХРИШКИН во ,,Коцкари,,…

            Се покажа и како режисер, поставувајќи ги во прилепскиот театар ,,Суд,, ,,Ѓаволска комедија,,  потоа ,, Мајка,, во Драмскиот театар, ,,Смртта на трговскиот патник,, во Струмичкиот театар, и ,, На крајот од патот,, во Штипскиот театар.

Сепак Жмарата најмногу ќе остане запаметен по режиите на претстави за деца. Неговите ,,Волшебникот од Оз,, ,,Мачорот Марко,, ,,Оливер Твист,, ,,Василица Прекрасна,,,, Хајди,, ,, Јунаците од бајките,,… ќе останат врежани во историјата на Театарот ,,Војдан Чернодрински,,. 

Loading