Во ОУ “Блаже Конески”
Продолжува да ниже успеси фудбалската екипа на ОУ “Блаже Конески”. Годинава биле втори на општинскиот натпревар за основци. Пенал рулетот и заморот одлучил прваци да бидат од ОУ “Климент Охридски”. Пред финалето под нив, со голема резултатска разлика “паднале” ОУ “Гоце Делчев” и ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Умешната игра, добрите пасови и дриблинзи кои ги вежбаат во повеќе фудбалски клубови предизвикале внимание кај публиката. Тренерот Тони Николоски ветува дека екипата, која ја води од петто одделение, в година ќе биде државен првак. Сега се седмо одделение, а некои веќе играат за повозрасната екипа.
– На терен сите сме како еден, нема себичност, само тимска игра и дисциплина – велат во еден глас младите фудбалски надежи.