ЖЕНА ТРЕНЕР НА МАЖИ

На машкиот ракометен прволигашки меч, Прилеп – Вардар Полог (32-26) гостиварците ги водеше – жената, Гордана Ѓоргоска. Жената “командант” на мажи? Тешко одеше. Била претседател и тренер, но и двете функции не помогнаа многу. При тајм – аутите ракометарите повеќе се договараа, собрани купче без неа, отколку со неа в средина.

И други жени станале тренери, но на женски тимови. Индира Кастратовиќ е на Вардар СБЦТ, каде претходно беше Наталија Малахова – Тодоровска, а во градов пред три години се обиде Жана Дисоска со Жито Прилеп, сега Бети Филипоска со Филип 107.

Loading