Со општински и швајцарски пари ќе се реконструира детската градинка Бончејца. Вака одлучија граѓаните, дебатирајќи на пет сесии на Форумот во заедниците. Предвидено е градинката да добие нови 360 м2 корисна површина за сместување уште на 100 деца.
За реконструкцијата ќе бидат потрошени шест милиони денари. 2,4 милиони денари ќе ги донира Швајцарската агенција за развој, а останатите се од општинскиот буџет.
Граѓаните, меѓу другите проекти, сметаат дека општината треба да изгради основно училиште во населбата Сточен Пазар, да го реконструира противпожарниот дом, да го уреди просторот околу Градскиот саат…