ОУ “Св. Кирил и Методиј” и ОУ “Петар Поп Арсов”
Проектот “забава, едукација, стоп моушн анимација” на ОУ “Св. Кирил и Методиј” го освои второто место на глобалниот форум во Прага на наставници – партнери на најпознатиот софтверски бренд Микрософт.
Предводени од наставникот Дарко Талески од ОУ “Св. Кирил и Методиј” од селото Канатларци, во соработка со ученици од ОУ “Петар Поп Арсов”, под менторство на наставниците Славица Карбева, Зорица Адамчевска и Ленче Јаневска, изработиле осум анимации со техниката стоп моушн. Анимациите ги вметнале во наставата по информатика, математика, техничко образование, ликовно образование, природни науки и техника. “Среброто” го добиле за анимациите – знаме на Македонија, изработка на украси од хартија, снешко и пилето, сончев систем, книга на транслација, најди го натрапникот и велигденско џиновско јајце.