СТАРА СТРАЖАРНИЦА

Војската постепено се враќа во касарната, уредувајќи ги просториите за работа и околината за вежби. Веројатно не е уште стасан  денот да се урне старата дрвена стражарница покрај оградата, која ја јаде забот на времето. Веројатно просторот за засолниште од дожд ќе се тргне со продажбата или почетокот на градежните работи на локацијата од касарната каде ќе се кренат колективни станбени објекти. Дотогаш малото куќаре, ќе сведочи за минатите времиња.

Loading