РК Прилеп
РК Прилеп на последното коло со 32-26 (16-10) дома го совлада Вардар Полог од Гостивар и со 21 бод е на делба на второто место од прволигашката табела. Ист скор има и Радовиш, а прва е Струга со 24. Во саботата со 11 гола најефикасен беше Јане Локвенец.
Можеше повеќе, ако не беше поразот дома од Охрид. Сепак, стратегијата е чекор по чекор. Без брзање, иако тимот на Орде Илиески не е послаб и може кон елитата. Целта е клубот да созрее и да достигне ниво на долги патеки.
Клубот се оддолжи со почит кон преранопочинатиот играч и тренер Миле Нешкоски со меморијален меч на неговиот роденден помеѓу сегашни и поранешни ракометари во салата “Сонце”.