Награда на државен литературен конкурс
Ученичката Симона Мрсеска од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ја освои втората награда во категорија есеј на државниот литературен награден конкурс за песна и есеј на тема: “Избришете ја солзата во невиното детско око, таа најмногу го боли праведното срце”, распишан за Светскиот ден на детето.
Поетесата Цветанка Спасикова ја посочи оригиналноста и талентот на нашата млада и надежна писателка.