ХЕНДРИКС ОД ПРИЛЕП Е ДАВИД НЕШКОСКИ

Роден во музичка фамилија, Давид Нешкоски, ја продолжува традицијата  со претходниците. Од 12 години е со музиката на клавирот и гитарата. За кратко време, музицирајќи гитарски атракции, некои го прекрстија во потомок на Хендрикс од Прилеп.

По неколку години како гитарист во бендот “Crossroad blues band” Нешкоски дебитира со сопствен сингл. Првенче во соло кариерата му е кантавторската песна “Wild Night Out”. Песната доби и видео запис во режија на Христијан Конески. Коментаторите на Јутуб ги фалат гласовните квалитети на Давид и му посакуваат понатамошен успех.

Во тек е снимањето на првиот албум со девет композиции во мешавина на музичките идоли Џими Хендрикс, Ерик Клептон, Стиви Реј Вон, Џон Меер, Џое Бонамаса.

Им пружал задоволстство на гостите на блуз фестивалите во Мостар, Сента, Вараждин, Умаг и Копер, покрај домашните настапи. Таму се носи рамо до рамо со светски блуз музичари, бранејќи ги боите на Македонија.  

Loading