ЕДНИ САДАТ, ДРУГИ ШЕТААТ

Планираните од друштвата “Козјак” и “Јане Сандански”, заедно со членови на женската асоцијација “Орхидеја” засадија 74 садници во околината на изгорениот планинарски дом Дервен, во знак на годишнината од формирањето на друштвото “Козјак” пред пред 74 години. Планинарските маршрути по горите и планините, ги заменија со лопати, дурии и казми, да го облагородат просторот околу некогашното атрактивно место не само за планинарите, туку и за сите вљубеници во природата. Посакувајќи да се врати стариот сјај на домот, кој некогаш беше пријатно излетничко место и лете, и зиме, тие ја пошумија близината на Домот, идните генерации да имаат сенка за одмор по прекрасните патешествија по околината. Пред да ручаат гравче во манастирот Свети Ѓорѓи кај селото Присад, планинарите најавија дека акцијата е само увертира на претстојната реконструкција на Домот, која ќе почне со окончувањето на законскиот процес за подготовка на документацијата.

А планинарите на Картуш не ги поколеба дождливото време да ги истегнат нозете со уште еден викенд марш. Овојпат етапите биле во ресенско и охридско. Тргнале од превојот Буково, па низ убава букова шума го фатиле патот за селото Скребатно, охридско. Во “второто полувреме”, продолжиле до манастирост “Пресвета Богородица” и “Свети Наум” да финишираат на нога за 20 километри кај селото Старо Лескоец.

Loading