ЦРТЕЖИ ОД ЛОГОР

“Детски приказни” е тематската изложба од 40 детски цртежи, која ќе биде отворена денеска во 13 часот во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе бидат изложени уникатни, детски цртежи, создавани во гетото Терезин во Чешка. Тоа се дел од илјадници дела на 10 илјади деца, поминати во транзитниот логор Терезин. Изложбата е во рамките на одбележувањата на 70 годишнината од Холокаустот на Евреите од Македонија.

– Пораката е универзална – ужасите од војната да не се повторат – вели Маја Суша.

Центарот за култура ја отвора изложбата во соработка со Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија од Скопје, кој ја има помошта на Чешката амбасада.

Loading