БОГАТА ПРОСЛАВА НА ПАТРОНОТ

50 години постоење на ОУ “Климент Охридски”

Годинава ОУ “Климент Охридски” слави 50 години. Вработените и учениците подготвија целонеделна програма за златниот јубилеј кој е на ист датум како и патрониот празник на училиштето.

За празникот се пуштија во употреба реновираните соблекувални во спортската сала. За локалните функционери учениците подготвија пригодна програма. Од локалната самоуправа, центарот “Порака” и од клубот Лионс беа донирани нагледни средства и училишен прибор. За  прославата се промовира прирачник за лицата со посебни потреби. Дефектологот Светлана Миоковиќ, на Светскиот ден на лица со посебни потреби, ја нагласи грижата за децата потешкотии, затоа што училиштето има неколку паралелки со ученици за посебен третман. Прирачникот ќе им се најде на наставниците. Учениците им го разубавија денот на старите и изнемоштени лица во Домот “Киро Крстески – Платник”. Во соработка со битолско училиште имаше изложба на музички инструменти и концерт поддржан од ИПА програмата.  Во спортскиот дел од програмата се одржа турнир меѓу неколу училишта во одбојка за женските ученички и кошарка за машките. Професорите одиграа ревијален натпревар со нивните колеги од ОУ “Кочо Рацин”. За јубилејот се промовира веб страницата и десеттото издание на училишниот весник “Климентов зрак”. Сето тоа беше пригодно “зачинето” со литературно читање и рецитирање. Утре се чествува светецот, кој ја создал кирилицата што ја користиме. Две делегациии ќе положат цвеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто, Ѓорче Петров и на Могилата. Кулминацијата на прославата е свечената академија за 50 годишнината од постоењето на образовната институција, вечерва во “Војдан Чернодрински” и утре на Камената бина во 12 часот.

Loading