ЗНАМИЊА МЕЃУ ЗАЈРЕ

Меѓу кромидот и компирите, меѓу јаболката и кикириките, на градскиот пазар се нуди и облека, резервни делови за машини, велосипеди, струја, водовод, па национални обележја и знамиња. Трговците се сетиле да го понудат македонското знаме, кои, според нив, треба да се вее на секоја куќа и дуќан без разлика на деновите на државните празници. Покрај македонскиот симбол, стои знамето на европската унија, па и американското. Велат дека обележјата им се украс на тезгите и долг кон татковината. Европското се вее поради претензиите на земјава да стане членка на големото европско семејство. Американскиот бајрак се виори, оти се смета дека најмоќната земја во светот е наша поддршка во напорите за натоинтеграциите. Кажуваат дека можат да набават и други знамиња ако некој побара. Главно се  бара македонското во различни димензии. Луѓето со силна патриотска самосвест ги декорираат своите домови не само по балконите, туку и домовите. Некои ги ставаат на помали копја и го дизјанираат ентериерот. Други бараат помали за работните маси во канцелариите да го демонстрираат високото национално чувство.   

На тезгите се нудат и капи шалови, маици, дресови со слики со националните симболи. 

Loading