ТВ НИЗ ЧИНИЈА

МАХ 77

Да се гледа ТВ од небото е можно со сателитските чинии и приемниците, кои се нудат можеби од единствената фирма Мах 77 на Марјан Стојаноски. Идејата му светнала пред пет години. Инсталациите на сателитски системи му била хоби. Работел дуќан во со бела техника. Со појавата на сателитските антени се интересирал за новата техника. Навлегол подлабоко и ги монтирал бесплатно системите за пренос на ТВ сигнали од сателитите до домашниот екран на познати и пријатели. Знаењето давано за бадијала, решил да го претвори во бизнис, создавајќи фирма за продажба, сервис и инсталација на приемници и сателитски чинии. Последниве години е застапник и на сателитскиот провајдер Тотал ТВ.

– Продавам сателитски антени со кои се гледаат слободно, дигитални сателитска телевизии. Системите нудат илјадници бесплатни ТВ канали и програми. Ги сервисирам и ги одржувам, правам листи на канали, комплетно ги склопувам, да се располага светот на дланка со копче, па и со висок ХД квалитет – објаснува Стојаноски, кој по професија е електротехничар.

Мах 77 е застапник на Тотал ТВ. Тоа е провајдер кој на граѓаните им нуди многу програми како кабловските провајдери, но без жица, туку со посредство на сателитска врска. Располагаат, во зависност од цените, и со можност за снимање на изминати програми или за запирање на програмата дома. Се инсталира на места каде кабловците се недостапни, како викендички, зашто сигналот доаѓа од небото и се пренесува на екранот. Главно се бараат канали што се разбираат.

– Ориентиран сум главно на безжичната кабловска со сателитска  врска Тотал ТВ. Од македонските канали, слободни се МТВ, Вести од Македонија, Наша ТВ, Сонце, К-15. Телма ја нема на сателит, а Алфа и Сител со пропратните Сител 3 и Канал Пет плус се во пакетот. Се нудат канали од екс – ЈУ, бугарски, и т.н. На стартот не е скапо, а после е уште поевтино. Во зависност од приемникот, сликата може да се замрзне, да се врати назад, да се сними. Тоа го има кај помодерните сателитски сигнали – кажува сопственикот на Мах 77.

Не малку се ентузијасти кои сакаат да гледаат канали од цел свет и не се врзуваат со овдешните програми.

– Се продаваат обични сателитски антени и приемници да им бидат достапни за очите преку 200 илјади канали без никакви претплати, освен некои пакети со авторските права, а за кои се купуваат картички во странство – вели Стојаноски.

Среќен број 7

– Името на фирмата сакав да биде модерно, ама не мозеже да биде Макс, и затоа стана Мах, а бројот 77 е повран со основањето во 2007 година, па со годината на моето раѓање, со месецот и денот на раѓањето на ќерка ми. Мислам дека симболиката е во среќниот број -вели Стојаноски. 

Loading