ТРИСТА НАСТО РАСТ НА ЕФИКАСНОСТА

Брзата помош доби три нови возила

“Ефикасноста на интервенциите на екипите на брзата помош ќе порасне за 300 насто и услугите ќе бидат исти како во Германија”.

Вака докторот Гоце Јонзоски ги коментираше предностите на опремата  и новите три возила што ги доби итната помош во рамките на проектот на Министерството за здравство за подобрување на здравствените услуги на екипите за итна лекарска помош.

Возилата се опремени со техника за спасување животи по европски стандарди. Едно чини 70 илјади евра.

– Историски зафат. Вакви возила сме немале 30 години. Опремени се со дефибрилатори, ЕКГ и ГПС, и опрема со која пациентот штом се приклучи на системот, информациите одат во клиничкиот центар во Скопје. Таму имаат информации за состојбата на пациентот и може да се прави консултација со тамошниот доктор – вели Иван Танески, директорот на здравствениот дом.

Градоначалникот Марјан Ристески размислува заедно со стручнаците, службата за итна помош да се доближи до Болницата за догледно време.

Со 13 лекари и седум возила, брзата помош е комплетно опремена за потребите на граѓаните од Прилеп, Долнени, Кривогаштани и големата територија на Мариово.

Loading