ПРОЛЕТЕР ЕСЕНСКИ ЛИДЕР

Трета и општински

ФК Пролетер според својата агенда, во јубилејната, 65. година од постоењето, есенски лидер е со подобра гол – разлика и 22 бода, колку и вториот Варош. Во последното 11. коло, Прилеп сити – Варош 0-0, Пролетер – Козара 5-1.

– Заслужни се сите во клубот, најмногу играчите. Одиме кон третата лига – најави Сами Јашароски, координатор.

Останати резултати: Обршани – Гарван 3-0 (сл.), Боротино – Слога 1-2, Тризла – Чепигово 2-1, Кадица – Динамо 3-1. Табела: Пролетер и Варош по 22, Обршани 21, Тризла 20. Дебитантот Прилеп сити е 10-ти со 11 бода.

– Задоволни сме. Само да ни помогне градот околу рамнење на теренот од Металец напролет ќе бидеме уште подобри – вели Коста Мирчески, тренер на Прилеп сити.

Во Третата лига – Југ, Големо Коњари со 3-1 го совлада Вардар Неготино со 3-1, а Младост – Кадино 4-2. Дома Партизан играше само 2-2 со Росоман. Останатите од ОФС Прилеп загубија, Бабуна – Млекар 8-0, Сирково – Братство 2-0, Превалец – Тополчани 2-1. Табела: Борец 40, петто Г. Коњари 25, седми Партизан 21, деветто Тополчани 17, десетта Младост и 11-то Кадино 16, 13-ти Млекар 12, 15-то Братство 10 бода. В недела (13 ч.): Тополчани – Вардарски, Кадино – Превалец, Илинден – Младост, Росоман – Г. Коњари, Братство – Партизан, Млекар – Сирково.

Loading