ПОЧИТ ЗА ВОЈВОДИТЕ

Како минува топлиот ноември, така расте бројот на љубителите на природата од ЕПД Картуш кои крстарат по планините. Од 50-тина, минатата недела над 60 ентузијасти фатиле нога за нога да намалат некоја калорија, а и да ги “наполнат очите” со природното шаренило од доцната есен. Маршот во должина од 15 км. планинарите го почнале од селото Карбуница, кичевско. Продолжиле до месноста Ѓурѓевица каде пред повеќе од еден век, течеле реки крв од бојот меѓу војводите Арсо и Јордан Пиперката од една страна и османлијата Селим Паша, од другата. Комитите го совладале противникот, ама големата илинденска битка веќе била одлучена. Со сеќавања за храбрите војводи, го “стигнале” манастирот Богородица, го окончале патешесњтвието со починка и молба до Господ да им даде уште некоја недела убаво време.

Loading