ПАДНАА НА ШКОЛСКИ СЕРВИС

Одбојка

Тргнаа првенствата за младите категории одбојкарки. Во Скопје се одржа првиот турнир за пионерки. Екипата на ЖОК 11 Октомври на Глигурче Локвенец дебитантските настапи ги одбележа со два пораза на кои даде отпор. Од Форца волеј загуби 0-2 (24-26, 15-20), од Работнички фершпед 0-2 (26-28, 22-25).

– Проблем беше сервисот. Вежбаме професионален, силен сервис, а според прописите дозволен е само школски. Со измената немавме можност за серија асови. Нема да жалиме, со крената глава гледаме само напред – вели Локвенец.

Веќе “староседелки” во лигите од ОФМ се членовите на ЖОК 11 Октомври волеј на Васко Гајтаноски и Орде Цветаноски. Минатиот викенд стартуваа со пораз, 1-2 од Крушево. Најбитно е девојките да имаат натпревари.

– Одигруваме пријателски, а во клубот организираме наша лига на четири екипи – информира Гајтаноски.

Државните лиги продолжуваат турнирски по пауза од неколку недели.

Loading