Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”
Придобивките и опасностите на кои е изложено секое дете при користењето на интернетот и социјалните мрежи беше темата на која дебатираа родителите од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” и членовите на НВО Изгрев. Расправата беше мотивирана од сé позачестеното присуство на децата низ социјалните мрежи до ниво на зависност и опасностите што демнат, покрај евидентните придобивки. Мрежите не дозволуваат децата да ги лажираат податоците, но тоа го чинат родителите. Тоа упатува и на постојана и засилена едукација на родителите. Претставниците на здружението и родителите зазедоа став за нужноста од контролирано и образовно користење на интернетот. Дебатата се заклучи со заеднички поглед за јакнење на напорите за развој на здраво семејство како основна клетка во општеството.
Истражувањата покажуваат негативни влијанија врз децата од користењето на социјалните мрежи, особено на возраст под 13 години.