Шах
Шаховската школа на велемајсторот Звонко Станојоски, под капата на ШК Алкалоид, дава резултати. Најновите успеси се во Скопје на државните првенства за ученици. Меѓу 17 среднисти од целата земја, Мартин Николовски (Гимназија Мирче Ацев) го освои шампионското, прво место. Никој не можеше да му застане на патот, титулата ја одбрани со пет победи. Од останатите прилепчани, највисоко е Антонио Миланоски (Економско Кузман Јосифоски – Питу), петти.
Пет кола по швајцарски систем, со темпо 10 минути по играч, имаа и основците. Силите ги одмерија 35 – мина. И во оваа конкуренција завиден пласман на прилепчанче, Давид Манески (ОУ Кире Гаврилоски – Јане). Одличен е, втор. Од останатите, Наум Стојаноски (ОУ Кочо Рацин) е 13, Матеј Ѕвездакоски (ОУ Блаже Конески) на 15. место.