НЕКОГАШ БЕШЕ ВЕМБЛИ

За никаде е теренот од стадионот “Гоце Делчев”

Никогаш полош не бил теренот од стадионот “Гоце Делчев”. Тревата е реткост. Игралиштето станува земјено, како пред 50 – 60 години. Кога легендарниот Ристе Тренко евоцираше спомени за крвавите коленици од паѓањето на тврда подлога, се подбивавме со условите на тие генерации. Вратени сме половина век наназад.

Постарите се сеќаваат кога теренот беше милина, гордост. Некаде 1975 година е поголемата инвестиција со поставување дренажа и базје избрана трева. Имаше две бои, така што одозгора се гледаше шаренило на теренот. Уживање за фудбалерите и гледачите. Многумина доаѓаа на стадион и кога немаше натпревар, ниту тренинг. Гледаа само во празниот терен. Поминуваа крај стадионот и застануваа да ја видат убавината. Теренот беше како Вембли. Но, како што кај нас сé добро не трае долго, се редеа години наизменично, некогаш солиден, другпат лош терен. Во деведесеттите беше одржуван и солиден до скоро. Последните неколку месеци е уништен.

Каде е причината? Во меѓувреме браво за фудбалерите кои извршуваат тактички задачи на нива – црвеника.

Loading