Музејот ги привлекуваат младите со работилница за “Школите во музеите или музеите во школите”, финансирана од министерството за култура. Кустосот Александар Цветкоски со претставници од сите основни училишта рече дека мисијата е подигнување на свеста кај основците и средношколците за народната култура, зашто е потребно зачувување на културното наследство.
Учениците ги покажаа сознанијата за народната култура со перформанс во традиционални носии. А учениците некогаш знаат повеќе и од кустосите. При посетите на музеите учениците често се рамни со знаењата и на професорите, посебно за темите, најчесто поврзани со ритуалите со ашикувањето, свадбите и преминот од дете во маж.
Работилницата се очекува да го поттикне интересот кај учениците за создавање на фолклорни и уметнички друштва, изработување на експонати во народен стил и креирање на музеи во рамките на училиштето. Практично се афирмира љубовта за истражувањето и негувањето на културното наследството. Тоа би им помогнало за развивање на чувството за културата воопшто. Тие би биле креатори на нови трендови во туризмот, доста ценети и барани во Европа.