МИС СТОН – МОДЕРНО КИНО

Идната година ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе добие современо кино во реконструираниот простор од ресторанот Мис Стон. Со поддршка од локалната самоуправа и од Министерството за култура, ќе се инсталира и модерна, најнова опрема.

– Преку 200 илјади евра ќе вложи Министерството за техниката, за граѓаните да уживаат во филмското платно од средината на следната година. Киното ќе биде современо со сите придружни елементи, во европски стил – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Ќе се реконструира и големата сала до почетокот на МТФ “Војдан Чернодрински”. Салата ќе добие комплетно нов лик со смена на инвентарот и мебелот.

Ристески најави градба на стаклена пирамида, со простор за 3Д проекции на филмови и современи перформанси со капацитет од стотина седишта за идната година на просторот до “Цепенков”.

Литературниот плоштад ќе се збогати со споменици на Блаже Конески и Круме Кепески кои ќе бидат поставени до постоечкиот на Марко Цепенков.

Loading