Со две први награди од меѓународниот натпревар за камерна музика се вратија од Кавадарци учениците на народни инструменти во музичкото училиште од класата на професорот Мендо Ташкоски.
Михаел Ташкоски на кавал, Благојче Најдоски на тамбура, Андреј Јовановиќ на тамбура и Даниел Стеваноски на тапан, покрај огромната конкуренција, заслужено го добија првото место во А категорија, во дисциплината “традиционални состави”. Бидејќи ја воодушевија публиката, стручното жири ги закити со прва награда во предкатегорија најмладите, осумгодишните, натпреварувачи во “традиционални состави” Сергеј Настески на кавал и Дамјан Трајкоски на тапан.
Во Б категорија, учествуваа членовите на октетот под раководство на професорот Киро Гаралоски. Бистра Петреска, Јована Костоска, Никита Врцкоска, Емили Христоска, Елена Петреска, Ивана Ристеска, Теодора Димеска и Натали Китаноска се вратија од Кавадарци со втора награда. Меѓународното жири пријатно се изненади од необичната и нестандардна изведба.