Да í се олесни функционирањето, фабриката Еурокомпозит е исчистена од долговите кон државата. Република Македонија ги презеде обврските и ги претвори во трајни влогови. На овој начин се намали долгот кон државата по основ на јавни давачки, а компанијата стана поконкурентна за продажба.
Менаџментот соопшти дека имало заинтересирани странски компании за купување на фабриката, но не откри детали. До крајот на годинава се очекува објавување на тендерот за продажба на Еурокомпозит.