Под мотото “Од А до Ш”, младите од Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ се дружеа на музички хепенинг во ЦК “Марко Цепенков”. Мисијата им беше да го покажат младешкиот елан и готовноста да го стават своето знаење и енергија со сестран ангажман во функција на подобар град. Демонстрацијата на младешкиот дух низ музика, песна и забава ја проследија и постарите. Видоа какви наследници доаѓаат. Се убедија дека младите се сила, која е моќна да ги следи, остварува и да ги реновира партиските проекти. Тие уште еднаш потврдија дека се кадровска перспектива, која се челичи подготвено да влезе во костец за решавање на проблемите на секој граѓанин.
Сите се забавуваа два часа со настапите на Христијан Тодороски – Кико, на Зодијак, на Кристина Арнаудова, на ДЈ. Во присуство на комплетното раководство на партијата, ги претставија комисиите, преку кои ги остваруваат програмските активности.