ЧУВСТВА ВО КОРИЦИ

Благојче Николоски, автор на романот “Крвавата роза”

Благојче Николоски, студент на Педагошкиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, насоката професор по англиски јазик и книжевност, го промовира романот првенец “Крвавата роза”. Тој е млад автор, за кој допрва треба да се слуша. Вели дека романот е прозорец за откривање на вистината меѓу животот, љубовта и смртта.

– Романот е возбудлив, полн со нежност, тага и болка. Ја опишувам искрената и чиста љубов меѓу Џек и Мила, кои се љубат безусловно и безвременски. Зборува за далечината како најдобриот тест за вистинската љубов. Инспирација црпев од секојдневието, поврзано со реткоста на вистинската љубовта во денешницава – вели Николоски.

За Николоски е важно авторот да е искрен со своите мисли, отпечатени на листот и со оние кои после ги читаат листовите. Тој најавува продолжение на литературното творештво.

 – Ќе продолжам да творам, бидеќи навистина е интересно и забавно да ги пренесуваш зборовите на хартија. Ќе треба многу да се надоградам, повеќе да читам и да истражувам, бидеќи вториот роман кој го планирам бара повеќе истражување, оти ќе биде сместен во старо време т.е. за време на Британско-Индиската војна – вели младиот автор.

Loading