БУТИЦИ, МЕСТО СИРЕЊЕ

Маспазар ќе прерасне во безистен        

Модерен трговски центар ќе никне на 4700 м2 со подземна гаража, приземје и два ката на локацијата на пазарот за млечни производи. Локалните власти го распишаа огласот за продажба на атрактивното  земјиште  од 1600 м2 со почетна цена од четири милиони денари.

Околу 20 отсто од просторот, инвеститорот треба да го предаде на локалната самоуправа за администрацијата на ЈП Пазари. Паралелно е подготвен проект за градба на нов пазар за млечни преработки по ХАСАП стандардите во покриениот дел од пазарот.

Loading