ЦК,,Марко Цепенков,,
Изложба на 20 слики од Тома Димовски ќе се отвори вечерва од 19 часот во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”. Уметникот ќе се претстави со дела работени последнава деценија. Дел од сликите во акрил прват ќе бидат изложени воопшто во Македонија, а два пејсажи со мотиви од Лазарополе ги изработил во октомври.
Димовски, дипломиран етнолог, слика од 13 години. Додека студирал, ги истражувал тајните на сликарството. Имал десетина самостојни изложби и неколку групни. Бил автор на инсталации, а од 2008 година го влече звучната скулптура.