ЗЕЛЕНО – БЕЛА ПОБЕДА

Историја

Победа во минатото најчесто настапувала во црвени, црвено – бели или во бели дресови. Ретки се исклучоците. Во сезоната 1975/76, кога учествуваше во Втората југословенска лига – Исток, неколку меча на гости се појави во зелено – бела комбинација. Во спомен е фотографијата од гостувањето во Скопје, со Работнички (2-2) во состав, горе: Ж. Ѓорѓиоски, Т. Тодороски, Г. Манески, Магдески, Глигороски, Ангелов, долу: Дрвошанов, Георгиев, Мечев, Митев, Цветкоски. На зелено – белата Победа не í одеше според амбициите, прволигашки, иако со високи 5-1 го растури идниот прволигаш Напредак од Крушевац. 

Loading